Давид Дејвис против екс-тимот на мегадан: Веспрем е фаворит, но Вардар игра дома!

158

Давид Дејвис е пред најтешкиот тест откако е на кормилото на Вардар 1961. Шпанскиот стратег три години беше тренер на Веспрем, противникот на актуелниот македонски првак во 1/8 финалето во Лигата на шампиони. Унгарскиот тим е фаворит, Дејвис знае како функционира и што треба да се вложи за да се дојде до добар резултат пред реваншот.

„За мене полесно е бидејќи знам што сакаат да играат, но како што кажа Гоце, Веспрем е силна екипа, индивидуално и колектирно се силни. Тие цела сезона беа на втора позиција, 20% имаат подобра одбрана. Веспрем од почетокот на сезоната беше горе, ние бевме помалку доле. Тие се фаворити. Но ние играме дома, Вардар секогаш се бори особено кога игра на домашен терен.

Мора да бидеме добри во одбрана, да им помогнеме на големаните, во напад да не ги губиме топките, со тоа можеме да победиме, мора да бидеме перфектни цел натпревар. Мора да бидеме 60 минути добри, мора да бидеме максимално сконцентирани, немаме право на грешка, еден натпревар е“, изјави Дејвис.

На прашањето дали пораз од Е.Пелистер ќе има свое влијание на мечот, кој е закажан во четврток, тој рече:

„Ова е друго натпреварување, едно е македонска лига, друго е СЕХА, трето е Лига на шампиони. Тимот е различен, не е добро да мешаме, не е добро, кога ќе треба да играме домашна лига тогаш ќе се вратиме и ќе анализираме. Не можеме да мислиме на друг меч, нема логика“.

За мечот меѓу Вардар 1961 и Веспрем се уште може да се купат билети.

ПретходноМакедонија на „Драгао“ – во змејовото гнездо…
СледноГеоргиевски: Тешко е да се прогнозира, понекогаш пет голови предност не значат ништо!