Две промени во стартниот тим на Португалија: Се враќаат Кансело и Пепе

349

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација, Фернандо Сантош, најверојатно ќе направи две промени во дефанзицвната линија за денешниот меч со Македонија во финалето од баражите за пласман на светското првенство во Катар. Според пишувањата на португалските медиуми, Жоао Кансело, кој поради суспензија немаше право на настап на дуелот со Турција, денеска ќе биде во дефанзивната линија на Португалците на позиција на десен бек, додека Ковид-19 „позитивниот“ Пепе кој исто така се врати на тренинзи ќе го заземе местото во двоецот стопери заедно со Жозе Фонте.

Остатокот од тимот кој почна во полуфиналето против Турција ќе остане непроменет, прогнозира португалскиот печат. Тоа значи дека Сантош почнува во формација 4-1-3-2 со Жота и Роналдо во нападот.

ПОРТУГАЛИЈА ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ:

Диого Коста

Кансело, Пепе, Фонте, Гереиро

Мутињо

Отавио, Фернандеш, Бернардо Силва

Роналдо, Жота

ПретходноЦрна Гора слави победа, Осмајиќ и пресуди на Грција (видео)
СледноНов трипл-дабл на Јокиќ, нова победа за Денвер