Е.Пелистер со негатива од три гола се враќа во Битола

111

Е.Пелистер е поразен на првиот осминафинален натпревар во Европската лига , откако на гостувањето кај Нексе беше совладан со 29-26. Негативата не е голема, реваншот се игра за седум дена, а битолчани ќе имаат поддршка од своите навивачи на патот кон нов голем успех, пласман во 1/4 финалето.

Македонскиот вицепрвак во првото полувреме одигра со осцилации. Откако поведе со голот на Мандалиниќ, набрзина прими четири погодоци. Во 10 минута беше 4-1. Избраниците на Жељко Бабиќ негатива од три гола имаа две минути подоцна (5-2), по што полека да се враќат во дуелот. Костески, Табоада и Граџан го донесоа второто водство на мечот (8-9), сепак домаќинот подобро се снајде на одморот замина со два гола предност (12-10).

Битолчани лошо влегоа во вториот дел, Нексе предводен од Јагањац дојде на плус четири (15-11), предност која ја имаше и во 33 минута (16-12). Е.Пелистер не се откажа, на средината на второто полувреме дојде на 21-20 со головите на Обрадовиќ и Граџан. Две технички грешки беа доволни за да Нексе одново дојде на плсу четири (25-21).

Промашен пенал и две минути исклучување кај противникот беа доволни за да Е.Пелистер влезе во ритам, дојде на 27-26, на почетокот на оваа серија, Мандалиниќ промаши пенал.

Маркушиќ зголеми на 28-26, Блажевиќ доби две минути исклучување, а Табоада не реализираше од седум метри за нови минус еден. Казната стигна, Е.Пелистер прими гол за конечни 29-26.

Граџан постигна шест гола, еден помалку имаше Табоада.

Претходно„Фалангата“ нестрплива на „Драгао“: Македонија, Македонија…
СледноЛетонија, Кипар и Финска домаќини на ЕУРО 2025 година!