Каде згрешивме!? Португалија ја научи лекцијата од Италија!

2187

Еден чекор, само еден чекор – тој проклет последен чекор. Навидум последен но најтежок, поколно тежок кој се оди низ огнени камења, во канџите на „змејот“ кај Португалија на Кристијано Роналдо. Храбро!

Повторно исто како и во Палермо, но со ривал кој научил дека ние сме убијци на џинови кои имаат зад себе победи над Италија и Германија и дека сме народ, нација и држава која ја живее бајката и надежта за пласман на СП.

За Македонија нема СП но за нашите фудбалери има големо браво. Ја обединија повторно Македонија, државата беше на нозе за фудбал и за своите момчиња но сонот нема среќен крај. Ние не одиме на мундијал но душата ни е полна. Мали сме… за најголемите работи.

Португалија ни ја урна надежта и ги казни двата поклони кои им ги дадовме. Така казнуваат големи селекции, голема беше и Италија, најголема во Европа но во Палермо ни се поклопија коцките но не и тука во Порто.

Каде згрешивме!? Дали можевме…!? Одговорот е јасен – Не, не можевме до тука било пишано. Конечните 2:0 се реални, подобри беа! Па тие имаат дрим-тим и суперсоничен национален состав. Португалија ни аплаудира затоа што реално им ја „исчистивме“ Италија. Аплаудира светот за оваа голема бајка на нашата мала земја, на нашите момчиња, на нашите фудбалери. Вечерва можеби има тага, празнина… оправдано!

Бевме до крајот, бевме до водата, а вода не се напивме. Но ние бевме дел од бајката „Драгао“! По онаа во Палермо ова беше друга димензија, поинаква структура и живот за фудбал. Не се посрамотивме, горди сме што имаме добра репрезентација, репрезентација која има континуитет и која не смее да застане. Со кренати глави да одиме напред и само напред. Фудбалската приказна мора да продолжи, ако не сега да има нова шанса за бараж, за настап на ЕП па и нов обид за СП.

Сегашните и идните генерации да можат да се гордеат со репрезентацијата која треба да биде пример на единство, борба и успеси! Каде бевме во минатото а каде сме сега?! По фудбал светот не памти, по убави нешта. А за фудбалерите и селекторот. Секогаш може подобро. Зад себе спектакл над Италија и за само 4 дена нов пеколен ривал Португалија. Две гостувања, две замки од кои паднавме на последната.

Некогаш и некои работи не се фер но ние секогаш одиме по потешкиот пат. ФИФА!? Дали би можело да се замисли СП со Македонија, а без Италија или Португалија? Некогаш не победува оној што треба но вечерва победи Португалија, победи подобриот. За нас доволно е тоа што светот ни се поклони. Бевме убавата страна на фудбалот во оваат светска криза. И убаво ни беше но немавме сила за тектонска експлозија. Обединетите бои на Македонија за нас не се само СП туку нешто што и треба најмногу на нашата држава која треба да е горда и да ги чува овие момчиња. Не застануваме, одиме напред, машки и храбро!

ПретходноПолска и Левандовски ја победија Шведска и ќе играат на Мундијал (видео)
СледноМилевски: Криво ми е што така ги примивме головите, сепак, треба да сме горди на момците