Лазаров и Нант во Берлин ќе бранат еден гол

193

Кирил Лазаров и Нант ја добија првата осминафинална битка со Фуксе Берлин во рамките на Европската лига. Францускиот тим на домашен терен славеше со 25-24 по пресврт.

Германскиот тим водеше во голем дел од мечот, но Нант со серија од 3-0 во која учествуваше и Лазаров израмни на 17-17, а нешто подоцна ја превзема целосно контролата на мечот, во самиот финиш прими погодок, па во Берлин ќе патува со позитива од еден гол.

Лазаров мечот го заврши со еден погодок од пет обиди, прв стрелец беше Ривера со шест гола.

ПретходноГана и Сенегал се квалификува на СП, Нигерија и Египет елиминирани!
СледноНе издржа срце јуначко, заврши сонот за СП!