Лапорта со една изјава им го урна сонот на навивачите

429

Барселона и натаму се бори да излезе од тешката финансиска ситуација во која се најде. И покрај ова каталонскиот гигант успеа да се прероди, под водство на легендата Чаво Хернандез, тимот игра одлично. Барса се наоаѓа на третото место на табелата во Ла Лига, во Европската лига се пласираше во 1/4 финалето каде ќе игра против Евертон.

Во изминатиот период во јавноста излегоа бројни информации околу можни трансфери ова лето. Лионел Меси, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, па дури Роберт Левандовски, беа поврзувани со каталонскиот гигант.

„Немам добиено порака од Меси, не сме во комуникација откако си замина. Не размислуваме за него кам-бек, градиме нов екипа и сега ни оди добро“, рече Лапорта, а потоа ги отфрли и информациите за Халанд, Мбапе…

„Не е возможно, условите се такви и не ги дозволуваат овие двајца играчи. Голем број на врвни фудбалери сакаат да дојдат. Не можам да кажам дали сме во преговори со Роберт или Мохамед, тоа ќе ни направи проблеми“. 

ПретходноБитка за БЕСМРТНОСТ, битка за МАКЕДОНИЈА!
СледноОва е стартниот состав со кој ќе “удриме“ на Португалија: Елмас место Николов…