Мараш: Ќе оставиме срце на терен

214

Самодовербата во редовите на Е.Пелистер е на завидно ниво. Победа над Вардар е она што им беше потребно на битолчани пред битката за подолга европска пролет. Македонскиот вицепрвак денеска во Нашице го игра првиот осминафинален натпревар против Нексе во рамките на осминафиналето во Европската лига.

Матео Мараш им ветува на навивачите дека ќе одиграат уште еден одличен натпревар. Свесни се за квалитетот на противникот, но веруваат во она што го подготвуваат за ова средба.

„Се спремавме за Вардар и добро се подготвивме и ништо помалку не очекувам и за дуелот во Нашице. Спремни ќе бидеме и ќе оставиме срце на терен. Нексе е незгоден ривал, имаат добра транзиција, цврсти се во одбрана, играат на многу голови и тоа се некои работи кои треба да им ги затвориме за на крајот да победиме“, изјави Мараш. 

Дуелот меѓу Нексе и Е.Пелистер е закажан во 18:45 часот.

Претходно„Ола Панче“! Ако ги треснеме ќе се удават во океанот од солзи!
СледноПоследното утро пред големата битка