Македонците од целиот свет се мобилизираат, во Порто пристигнуваат навивачи од сите страни. Едни од Америка, други од Ирска, Чешла, Австрија, Германија…трети од Македонија ги запалија автомобилите, дел дојдоа со чартер. Сите со една цел – да ги бодрат нашите лавови на дуелот со Португалија, последен за место на Светското првенство во Катар.
Порто е обоен во „црвено-жолто“, македонското знаме е развиорено, се пејат македонски песни и тоа под хотелот на Кристијано Роналдо „Pestana Vintage Porto“.