Официјални состави: Костадинов место Чурлинов, Елмас во нападот…

481

И официјално се знае стартниот состав со кој Македонија вечерва ќе истрла на теренот на “Драгао“ во Порто, на мечот проив Португалија, меч кој ќе го решава патникот за пласман на СП во Катар.

Од она што денеска го најавивме, има само една мала промена и тоа во последен момент. Имено место Дарко Чурлинов во игра ќе биде Тихо Костадинов, тоа значи дека Елмас ќе игра понапред заедно со М. Ристовски и Трајковски, додека Костадинов во средниот ред ќе биде заедно со Барди и Адеми. Во одбраната ќе бидат С. Ристовски, Велковски, Муслиу и Алиоски а на голот Димитриевски.

No description available.

Кај Портуалците нема изненадување. Роналдо, Жота и Бернардо Силва се во нападот, средниот ред ќе го држат Бруно Фернандез, Отавио и Мутињо, додека во одбраната се Кансело, Данило, Пепе и Нуњо Мендеш, а на голот Диого Коста.

 

 

 

ПретходноКаков мотив за “рисовите“: Егоров освои ЗЛАТО на ЕП во Будимпешта!
Следно„Потонавме“ против Фарските острови (ВИДЕО)