Ова е стартниот состав со кој ќе “удриме“ на Португалија: Елмас место Николов…

1586

Како што дознаваме, селекторот Благоја Милевски ги одредил стартните единаесет за вечерашниот епски дуел со Португалија со кои и тој и неговите избраници ќе одат по историја, по пласман на СП во Катар.

Па така Милевски направи само една измена во однос на стратниот состав кој славеше во Палермо против Италија.

А таа е Елиф Елмас место Бобан Николов во средниот ред. Се друго си останува исто.

No description available.

Формација би била 4-3-3, или 4-2-3-1.

На голот секако е Димитриевски, а во одбраната тука се С. Ристовски, Муслиу, Велковски и Муслиу. Во средниот ред се Елмас како нешто поофанзивен, додека Адеми и Барди ќе играат подефанзивно. Во нападот по страна ќе бидат Трајковски и Чурлинов, а во самиот шпиц М. Ристовски.

Се чини храбра одлука на Милевски, овој состав гарантира дека Македонија нема намера само да се брани на “Драгао“ против силната Португалија.

ПретходноЛапорта со една изјава им го урна сонот на навивачите
СледноПремија од соништата, фудбалерите за пласман на СП ќе добијат 4,5 милиони евра!