FOTO> UEFA
Репрезентацијата на Полска се пласира на Светското првенство во Катар откако вечерва во финалето на плеј-офот на домашен терен ја победија Шведска со 2:0. По првото полувреме немаше погодок, а на стартот на вториот дел Левандовски отвори со гол од пенал.
Калстром направи прекршок за пенал, а најдобриот полски играч го реализираше ударот од 11 метри. Во 59. минута дилемите беа решени. Пјотр Зелински дојде до топката по лоша реакција на шведската одбрана и го совлада противничкиот голман.
Полска деветти пат ќе игра на СП, а играше и на СП во Русија пред четири години.