ПОЛУВРЕМЕ: Грешка на Ристовски, Бруно казни – Македонија мора во офанзива во вториот дел (видео)

188

Слабо прво полувреме на македонскиот национален тим. Засега сме во втор план на „Драгао“, репрезентацијата на Португалија подобра и со повеќе шанси. Во 13. минута Роналдо се најде во позиција, а неговиот шут заврши покрај голот. Потоа и Диого Жота шутираше со глава топката заврши во гол-аут.

Потоа се случи онаа грешка. Капитенот Стефан Ристовски се обиде да ја префрли топката на спротивната страна, меѓутоа Бруно Фернандеш ја „украде“ и ја подаде до Роналдо, а овој му ја сервираше на 15-тина метри по што следуваше шут кој не можеше да го одбрани Димитриевски.

Засега Португалија е надмоќна, ќе мора добро да се организираме и да почнеме да играме течно и да пробиваме во нападот. Вака тешко дека ќе можеме да изненадиме…

Претходно(ВО ЖИВО) Португалија-Македонија, финале на плеј-оф за пласман на СП 2022
СледноНавивачите го избраа новиот дрес на Шкендија за сезоната 2022/23! (ФОТО)