Македонската фудалска репрезентација е на само неколку часа од историското финале во баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Од 20:45 часот вечерва на легендарниот „Драгао“ Македонија ќе се судри со домаќинот Португалија, во веројатно најголемиот фудбалски натпревар во нашата историја.
Атмосферата е мирна, репрезентативците се во базата во хотелот во Порто, и мирно го очекуваат почетокот на мечот. А потоа, ЕРУПЦИЈА. Адреналинска, енергична, до последен здив. До уште една победа како онаа во Палермо пред само неколку дена, па нека се чуди светот потоа, нека дознаат сите која е Македонија.