Ристовски: Ќе навивам за Португалија на СП, малку се чувствувам како Португалец

3060

Фудбалската репрезентација на Македонија нема да игра на Светското првенство, но барем ни донесе малку светлива во овие месеци на неизвесност, криза и темнина. Малку радост, живост, не сплоти, не натера заедно да се радуваме и да очекуваме. Капитенот Стефан Ристовски е горд што тој и неговите соиграчи стигнале до тука, на патот ги победија големите Германија и Италија и што за првпат во историјата се најдоа на чекор до Мундијал.

Сакам да им честитам на Португалците. Тие доминираа и заслужено победи, а ние заминуваме со кренати глави. Имавме неверојатно патување. Никој не веруваше дека можеме до тука. Сепак успеавме далеку да стигнеме. Затоа треба да работиме и да растеме, да се надеваме на што е можно повеќе вакви натпревари“, изјави поранешниот бек на Спортинг од Лисабон за португалски „Рекорд“.

Ќе навивам за Португалија на СП, малку се чувствувам како Португалец. Мојот син е роден тука, имам португалски пасош и сакам Португалија да победи на Мундијалот во Катар“, вели Ристовски.

За головите и својата грешка тој одговори:

Кога се игра против вакви тимови не смее да се греши. Со играчи како Фернандеш и Роналдо не смееш да погрешиш. За жал тоа се случи и Португалија поведе и тоа ни ја направи работата потешка. Сепак, дадовме се од себе и се обидувавме да изедначиме меѓутоа вториот гол не уништи“.

ПретходноФернандеш: Не се важни моите голови, најважно е што ја постигнавме целта
СледноФернандо Сантош: Веќе освоив два трофеја сонувам и за светска круна