Светот е со Македонија, Daily Mail со Спортмедиа

774

Нашата фудбалска репрезентација за неколку часа го игра историското бараж финале за пласман на Мундијалот во Катар против Португалија. Македонија е пред историски пласман на најголемото фудбалско натпреварување, и успехот е тука. Добивме симпатии од целиот свет, кој како по дифолт секогаш навива не за фаворитот, туку за оној кој е подготвен за сензација.

Спортмедиа како што е тоа вообичаено беше во Палермо, а присутна е и во Порто, но и во светските медиуми кој сакаат да дознаат што повеќе за нашите фудбалски хероји. За Трајковски, Елмас, Алиоски, Велковски, Барди.

Англискиот Daily Mail, на релација со Спортмедиа и нашиот новинар Огнен Дојчиновски, објави текст предмалку опишувајќи ги нашите репрезентативци како „душмани“ на фаворитите, кои едвај чекаат пред себе да имаат великан за да го победат и испишат уште една златна страница од својата фудбалска историја.

ПретходноОкупација на Порто: Ечат македонски песни пред хотелот на Кристијано Роналдо (ФОТО+ВИДЕО)
СледноБитка за БЕСМРТНОСТ, битка за МАКЕДОНИЈА!