Со Вардар почна новата историја на Порто

339

Македонија има лошо минато на фудбалски план со фудбалот во Португалија. Нашата фудбалска историја со нив почна во далечната 1987 година, кога почнува и новата историја на ФК Порто.

Фудбалските љубители во земјава добро ја паметат онаа златна генерација на Вардар предводена од Дарко Панчев и Васил Рингов, која во шампионската за „црвено-црните“ 1987 година, стана првак на Југославија. Вардар во тогашниот Куп на европските шампиони (КЕШ), одигра двомеч против Порто.

Португалскиот гигант ги доби двата натпревари со идентични 3:0 и во Порто и во Скопје. Тука на стадионот „Драгао“ на ѕидовите е врамена историјата на клубот. Се дели на пред и по 1987 година.

Зошто?

Вардар беше првиот ривал на „сино-белите“ во таа историска сезона во која Порто за првпат стана првак на Европа. Потоа следат сите дуели на националните селекции (немаме ниту една победа), но и клубските елиминации на Беласица од Лешоеш и последниот на Шкупи ова лето со Санта Клара.

ПретходноГеоргиевски: Тешко е да се прогнозира, понекогаш пет голови предност не значат ништо!
СледноМомци ајде на СП! Единството е нашата сила…