Фернандеш: Не се важни моите голови, најважно е што ја постигнавме целта

288

Бруно Фернандеш со своите два гола ја донесе победата на Португалија над Македонија и ќе игра на Мундијалот во Катар. Португалците победија, заслужија, беа подобри на теренот, а по ЕУРО 2016 и Лигата на нациите 2019 Португалците ќе бркаат титула и на СП 2022.

Целта е постигната. Тоа е најважно нешто. Ништо друго. Ни моите голови. Милам дека бевме подобри на терен и имавме поголема желба за победа. Најважно за мене е да му помогнам на тимот. Не сум тука за да постигнувам голови, туку да помогнам. Ако го правам тоа со голови, тогаш сум уште посреќен. Секој сака да постигнува голови, но главниот фокус е да се помогне. Тоа го направив вечерва“, рече Бруно.

ПретходноМилевски: Криво ми е што така ги примивме головите, сепак, треба да сме горди на момците
СледноРистовски: Ќе навивам за Португалија на СП, малку се чувствувам како Португалец