Гана и Сенегал се квалификува на СП, Нигерија и Египет елиминирани!

190

Репрезентациите на Гана и Сенегал се квалификуваа на Светското првенство во Катар после вечерашните дуели од последната фаза во африканските квалификации. Гана одигра 1:1 на гости против Нигерија и со оглед на тоа што првиот меч заврши 0:0 тоа значеше дека во Катар патуваат „црните ѕвезди“. Токму тој гол на гости ги однесе фудбалерите на Гана на Мундијалот, а репрезентацијата на Нигерија е елиминирана.

Toa ќе биде четврти Мундијал за Гана, а прв по 2014 година.

А Сенегал го елиминира Египет на Мохамед Салах. На првиот меч победи Египет со 1:0, а на реваншот вечерва Сенегал триумфираше со истиот резултат и се отиде во продолженија. Таму не се смени резултатот па се изведуваа пенали. По првите две серии двата тима промашија, меѓу нив првата ѕвезда на Египет Салах. Потоа Гана ги погоди сите три пенали (Сар, Диенг и Мане), а Египет само еден (Ел Солиа) по што актуелниот африкански шампион се квалификува на Мундијалот во Катар.

Вечер ќе добиеме уште неколку африкански учесници на СП.

ПретходноНавивачите го избраа новиот дрес на Шкендија за сезоната 2022/23! (ФОТО)
СледноЛазаров и Нант во Берлин ќе бранат еден гол