ДИЈАМАНТУ – ти си на потег, одиграј за секоја душа МАКЕДОНСКА…нека продолжи БАЈКАТА!

324

Не можеше против Италија, но сега ќе биде нашиот најголем адут. Не е тајна дека од Дијамантот Елиф Елмас вечерва на “Драгао“ сите МАКЕДОНЦИ очекуваат најмногу. Одморен, полн со сила, мотиви до небо, тој треба да ја поведе оваа МАКЕДОНИЈА по едно ново ЧУДО, нека продолжи БАЈКАТА која ја живееме веќе една година. По учеството на ЕВРО 2020 мината годија, сега сакаме пласман на Мундијалот во Катар.

Сон? Да, тоа е сон кој е остварлив. Ако можевме против Германија со победничкиот гол на Елмас, ако можевме и со Италија зошто да не можеме и против Роналдо и неговата Португалија. Не криеме, сакаме во Катар, сакаме историја, сакаме таа бајка уште да ја живееме.

Ова е фудбал, ние знаеме кој сме, знаеме како треба. И среќата ја повикуваме да биде со нас како што со овие момци на Милевски ќе биде цела Македонија. И старо и младо…сите, сите…

ДИЈАМАНТУ- ти си на потег. Одграј за секое срце, одиграј за секоја душа МАКЕДОНСКА. Донеси заедно со Енис, Стефан, Аријан, Џани, Столе и другите уште една блескава радост.

Одиграј најдобро во животот…ти тоа го можеш.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈО…

НАПРЕД ДИЈАМАНТУ…

ОДИМЕ МАКЕДОНИЈО….

ПретходноКристијано, вечерва пак да си ја фрлаш капитенската лента! (ВИДЕО)
СледноБалканот навива за Македонија: Стихотворба со поддршка за „рисовите“!