Екипата на Кожув во продолжение на сезоната ќе биде со ново тренерско име. Раководството на клубот и сега веќе еск-стратегот Перо Блажевски одлучија спогодбено да ја раскинат соработката. Како што информираат од таборот на гевгелискиот тим, на клупата ќе биде Илија Ефтимов.
Кожув е еден од оние екипи кои не избори место во Супер-лигата и ќе се бори за опстанок во „елитата“.