Белград, стадион на “Маракана“, 27 март 2021 година. Србија – Португалија, квалификации за СП во Катар 2022. Незадоволен од фактот дека на неговата репрезентација не и беше признат гол, а со тоа Португалија загуби два златни бода, Кристијано Роналдо на пат кон соблекувалната направи гест кој не му доликуваше на еден капитен.
Имено тој ја фрли капитенската лента на тревата на “Маракана“ исфрустриран од тие 2:2.
Би сакале вечерва по мечот во Порто одново да биде исфрустиран и одново да си ја фрли лентата.
Можеме само да претпоставиме каков шок би бил тоа ако еден од најдобрите фудбалери во историјата не настапи на Мундијалот во Катар.
ФОТО: Novosti.rs