Летонија, Кипар и Финска домаќини на ЕУРО 2025 година!

58

Летонија, Кипар и Финска се трите земји кои ќе бидат во улога на организатори на Евробаскет 2025 година. Вака одлучи Бордот на ФИБА Европа, а ги објави имињата на ко-организаторите на наредниот собир на најдобрите кошаркари на Стариот континент.

Летонија ќе биде домаќин  во групната фаза, а и финалните натпревари во кои ќе го добиеме новиот европски шампион ќе се играат во оваа земја на Балтикот.

Кипар и Финска се другите два ко-организатори на Евробаскет 2025, и во овие две земји ќе се играат уште две групи од првата фаза.

Тургај Демирел, претседателот на ФИБА Европа, ја остави можноста за отворена, Украина да биде четвртатта земја-домаќин на наредното Европско првенство, и дека следуваат разговори во кои би се нашло дефинитивно решение за овој несомнено голем проблем кој се појави и во светот на спортот, а по борбените дејствија кои Русија ги реализира на украинска територија.

Дефинитивното решение би требало да биде познато некаде кон средината на мај, кога ќе заседава и Централниот Борд на ФИБА.

ПретходноЕ.Пелистер со негатива од три гола се враќа во Битола
СледноПРИЈАТЕЛСКИ: Данска ја суреди Србија, Ериксен повторно стрелец на гол! (видео)