Момци ајде на СП! Единството е нашата сила…

316

Македонија имала многу големи играчи во минатото, но никогаш немала ваква шанса како оваа денеска. Да играме меч за пласман на СП.

Николче Новески е еден од најдобрите стопери кој играл во националниот тим. Легендарниот дефанзивец на германскиот тим Мајнц, деновиве со многу внимание и емоции ги следи настапите на нашите фудбалери, неговите наследници.

„Ова се историски моменти не само за нашиот фудбал туку и за нашата држава. Победата на Италија сите нас не направи горди и среќно што еден денеска играме едно големо финале за пласман на СП, што е сон на многу генерации и неостварена желба на сите Македонци“, коментира Новески околу историските успеси на нашиот државен тим.

Фудбалерот кој одигра 64 натпревари за Македонија и постигна 5 голови важи за човек кој секогаш реално ги гледа настаните и дава прецизни анализи: „Ја победивме Германија, еве сега Италија, а играме денеска со Португалија. Докажавме дека можеме да играме со најсилните и тоа на нивни терен. Ние и во минатото со големите игравме подобро на нивни терен. Дома како да не можевме да се носиме со притисокот. Но оваа генерација има потенцијал, има сила и сите ние вечерва се надеваме на уште една историска ноќ“.

За силата на Македонија за стоперите Велковски и Муслиу!?

„Двајцата се одличлен тандем. Долго време играат заедно, воиграни се – се познаваат и делуваат сигурно. Можат и вечерва да одиграат перфектен меч како оној пред неколку дена со Италија. Имаат добра комуникација и со останатите играчи како бековите Ристовски и Алиоски, но мене ме радува одличната форма на голманот Столе Димитриевски“.

Новески верува во нова тимска победа!?

„Единството е нашата сила. Имаме добар фонд на играчи, играчи кои играат во своите клубови. Добро што се враќа Елмас во тимот, но и Костадинов. Милевски ќе има поголем избор за сите позиции во екипата. Не очекува драматичен меч, но различен од оној со Италија. Португалија игра сосема поинаков фудбал, мниогу познати играчи и ѕвезди. Роналдо не е Португалија во чиј што состав има многу, многу екстра фудбалери. Но за нас најважно е како ние ќе одиграме“.

Очекувањата на Новески за големото финале и шансите за пласман на СП!?

„Момци ајде на СП и донесете нова радоста. Ова се тешки натпревари и за двете селекции. Еден меч во кој ние нема што да загубиме. Португалија е таа која треба да внимава затоа што нашиот тим докажа дека џзнае да игра на гости и со големите. Ова е голема шанса за нас. Она што деновуиве го читав по светските медиуми е доволен доказ за големината на успехот на нашата репрезентација. Само борбено и смирено…“, е пораката на Николче Новески до сите кои се во националниот тим вечерва во Порто на историскиот меч за пласман на СП.

ПретходноСо Вардар почна новата историја на Порто
СледноВо боите на Македонија: „Марка“ ја има насловната на денот! (ФОТО)