Македонската фудбалска репрезентација нема да биде сама на стадионот „Драгао“ каде против Португалија ќе бара место на Светското првенство во Катар. Денеска Порто беше обоен во „црвено-жолто“, Македонците буквално од сите страни на светот дојдоа да ги поддржат фудбалерите.
Меѓу бројните фанови на трибините е репрезентативниот голман Никола Митревски, кој веќе втора година ја чува мрежата на Порто. Тој беше заедно во центарот на градот заедно со македонската фаланга.
Добро знае што значат овие битки за место на еден Мундијал. Добро знае како е да се играат вакви мечеви, добро знае што значат овие победи за македонската јавност. Митревски долго време е на голот на македонската ракометна репрезентација, која секоја година игра на големи натпреварувања.
Па токму затоа дојде од лице место да ги бодри фудбалерите и тој како сите Македонци верува и посакува чудо.