Како што дознаваме, селекторот Благоја Милевски ги одредил стартните единаесет за вечерашниот епски дуел со Португалија со кои и тој и неговите избраници ќе одат по историја, по пласман на СП во Катар.
Па така Милевски направи само една измена во однос на стратниот состав кој славеше во Палермо против Италија.
А таа е Елиф Елмас место Бобан Николов во средниот ред. Се друго си останува исто.
Формација би била 4-3-3, или 4-2-3-1.
На голот секако е Димитриевски, а во одбраната тука се С. Ристовски, Муслиу, Велковски и Муслиу. Во средниот ред се Елмас како нешто поофанзивен, додека Адеми и Барди ќе играат подефанзивно. Во нападот по страна ќе бидат Трајковски и Чурлинов, а во самиот шпиц М. Ристовски.
Се чини храбра одлука на Милевски, овој состав гарантира дека Македонија нема намера само да се брани на “Драгао“ против силната Португалија.