Унгарскиот тим, кој е противник на Вардар во осминафиналето во Лигата на шампиони веќе е во Скопје. Ракометарите на Веспрем со голема самодоверба доаѓаат по целиот плен на првата средба која се игра утре, 18:45 часот во СЦ “Јане Сандански”. Веспрем е фаворит на двомечот со актуелниот македонски првак, но сите се свесни дека пред фановите на Вардар е тешко да се игра.