Македонската фудбалска репрезентација синоќа го загуби бараж финалниот дуел против Португалија со 2:0 и со тоа не успеа да се пласира на своето премиерно Светско првенство.
Секако дека сме тажни, посакувавме силни да бидеме таму. Но во исто време треба и да сме среќни што имаме така перспективна генерација, која што успеа да стигне до самиот крај на квалификациите, и да биде толку блиску до остварување на нашиот Мундијалски сон.
„Прекрасно искуство. Млада репрезентација со големи срца, допрва ќе се радува Македонија“ – порача Елиф Елмас денеска, давајќи и кураж на оваа нација дека пред себе има национален тим подготвен за големи нешта и дека само е прашање на време кога ние повторно ќе заблескаме на едно големо натпреварување.