Суарез го помина Меси во голови во јужноамериканските квалификаци

87

Луис Суарез го помина Лионел Меси во голови во јужноамериканските квалификации за Светско првенство. 35-годишниот напаѓач на Атлетико постигна гол на дуелот меѓу Уругвај и Чиле (2:0) и тоа беше неговиот 29-ти во 62. меч во квалификации за СП од јужноамериканската зона.
Меси не погоди во ремито на Аргентина со Еквадор (1:1). Напаѓачот на ПСЖ има одиграно два меча помалку од Уругваецот.
Инаку рекордот во најмногу голови во квалификации за СП го држи Карлос Руис од Гватемала кој реализирал 39 голови. Во топ 3 се уште Кристијано Роналдо од Португалија со 36 гола и Иранецот Али Даеи со 35 гола.

 

ПретходноБонучи го обвини системот: Лудо е да изгубиш еден меч и да не одиш на СП
СледноВан Нистелрој стана тренер на 24. кратниот холандски шампион