Тотенхем го урива клупскиот рекорд со ангажман на Дарвин Нуњез!?

187

Напаѓачот на Бенфика Дарвин Нуњез стана цел на многу европски клубови кои сакаат во текот на летото да пробаат да го ангажираат во своите редови. Меѓу нив е и Тотенхем кој решил да го потпише уругвајскиот напаѓач за клупски рекорд од 80 милиони евра, пренесува португалски „О Жого“.
Тоа е сумата според клаузулата во договорот на Дарвин со Бенфика за која потпиша во септември 2020 година за клупски рекорд од 24 милиони евра од Алмерија. Претходно 22-годишниот напаѓач играше за Пењарол.
Инаку за Дарвин се интересираат и Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а шпанските медиуми велат дека тој има поголеми шанси да заигра во Шпанија отколку во Англија.

ПретходноМеѓу првите се пласираа на СП, а сега им се заканува елиминација! Кој би можел да ги замени?
СледноМарко Симоновски ќе се игра за француски второлигаш!