Бајката заврши, но секоја чест за оваа МАКЕДОНИЈА….

250

Со горчина во душата, но со гордост сепак треба да се каже дека, така и треба во спортот, дека подобриот оди на СП во Катар. Јасно е, Португалија синоќа беше подобра, успеа да победи со 2:0 и да се пласира на Мундијалот. Честитки за Роналдо и компанија, кој сепак ќе го види Катар.

За нас бајката заврши. Можеби на брутален начин, на последната пречка, но….ајде да бидеме реални, тоа го кажа и селекторот Милевски на пресот по натпреварот на “Драгао“. Оваа Македонија е сеуште зад елитата, уште ни треба работа и само работа да и се приближиме.

На момент, по оној епски успех во Палермо сите ние помисливме дека оваа Македонија може до Катар, но сепак треба да се биде реален.

Португалија е нешто за нас во овие момент недостижно. Се виде дека покрај борбеноста и желбата, потребно е и нешто друго.

Да, БАЈКАТА заврши, таа бајка која не “тресеше“ речиси една година по онаа блескава победа во Дуисбург, па преку ЕВРО 2020, секако триумфот над Италија, до трансот во Порто.

Штета, можеби се ќе беше поинаку ако ждрепката за баражот не ни ја додели најсилната група. Само наивните не сфаќаат дека пеколно тешко е после таква борба во Палермо за само три дена да можеш и во Порто.

Уште еднаш штета….долго ќе се памети оваа блескава година на репрезентацијата која и дефинитивно стана наша гордост.

Добивме нови херои, станавме некој и нешто во фудбалот, а сега треба само напред. Работа и само работа…

Да, БАЈКАТА заврши, но секоја чест за оваа МАКЕДОНИЈА…

ПретходноMaроко, Тунис и Камерун на СП 2022, Алжир испадна по примен гол во 120. минута!
СледноАлександар Трајковски: Бевме блиску до нешто големо…