Бекам: Воодушевен сум од Данска, тие можат да бидат изненадување на СП

172

Поранешната англиска фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам ги откри своите фаворити за Мундијалот во Катар кој ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември оваа година.
Кога ќе помислиш на Светско првенство, автоматски помислуваш на Бразил, Аргентина и Франција. Тоа се светски шампиони и силни репрезентации. Јас сум воодушевен и од една друга репрезентација, а тоа е Данска. Мислам дека имаат потенцијал да бидат изненадување. Едвај чекам да ги видам во Катар. Имаат млад тим кој долго време игра заедно, добро се познаваат и атмосферата е одлична“, вели Бекам во интервју за „Еuropa Press“.

Што се однесува до Англија и од нив очекувам многу. Тие стигнаа до СП благодарение на одличната форма и ако ја задржат може да одиграат добар турнир“, додаде Бекам кој во текот на кариерата играше на три Мундијали.

ПретходноДамите на Барса приредија спектакл на „Камп Ноу“, за Реал „Ел Класико“ заврши лошо
СледноЕлверум извади реми против ПСЖ, Фленсбург лесно со Пик Сегед