Ван Нистелрој стана тренер на 24. кратниот холандски шампион

1251

Некогашниот холандски голгетер Руд ван Нистелрој од следната сезона ќе биде тренер на трофејниот холандски клуб ПСВ од Ајндховен.
Тој моментално работи како тренер на младинските категории на ПСВ, претходно беше и асистент во холандската репрезентација.
Актуелниот тренер на ПСВ Роџер Шмид ќе го напушти ПСВ по завршувањето на сезоната и ќе го преземе кормилото на Бенфика, а на негово место во ПСВ ќе дојде Ван Нистелрој.
Инаку Ван Нистелрој како фудбалер се прослави во Манчестер Јунајтед и во Реал Мадрид, а на почетокот на кариерата играше за ПСВ.

ПретходноСуарез го помина Меси во голови во јужноамериканските квалификаци
СледноБалотели: Луѓето се сеќаваат на мене само кога Италија ќе изгуби