Гостивар на местото на Дилард доведе друг американец

127

Кевин Дилард повеќе не е дел од тимот на Гостивар. И покрај фактот што овој американец важеше за екстра квалитет, и искусен кошаркар, сепак, тој малку што покажа во дресот на Гостивар.

Па така, на негово место е доведен уште еден интернационалец од САД, Шејн Гетлинг.

Станува збор за 24-годишен американец кој игра позиција еден и два, доаѓа од КК Промо од Босанската Прва лига каде сезонава постигна просек од 19.8 поени по натпревар. Во НЦАА лигата има настапувано за Колорадо Бафалос.

 

ПретходноМароко и Халилхоџиќ ќе добијат 12 милиони евра премија
СледноВардар организира фан зона пред дуелот со Веспрем