Македонската фудбалска репрезентација дефинитивно во одработи најдобриот квалификациски циклус во својата историја. Да, не се пласиравме на Мундијалот во Катар, загубивме во финалето од Португалија синоќа на Драгао со 2:0, но и покрај поразот, финалето ја прави оваа кампања најјуспешна за нас.
Па така, може слободно да се каже дека Македонија е во ТОП 15 репрезенатации во моментов во Европа, ако се земе в предвид фактот дека 10 селекции од стариот континент отидоа директно на Мундијалот во Катар, три од нив преку баражот, а три меѓу кои и ние загубија го загубија. Сеуште не се знае судбината на последниот бараж меч, во кој требаше да игра Украина против Шкотска, а победникот потоа со Велс и тој допрва ќе се одигра.
Ова значи дека Македониија котира некаде околу 14, 15 место во моментов во Европа, подобра да речеме и од една Шведска која што полуфиналето од баражот го доби по продолженијата, додека пак ние во регуларниот дел ја победивме Италија. Се на се, извонреден, историски, најдобар фудбалски успех на Македонија во регуларните квалификации организирани до страна на УЕФА од осамостојувањето наваму.