Поранешниот македонски репрезентативец Марко Симоновски се сели во Франција. По кратката авантура во иранскиот шампионат во тимот на Кузестан ќе игра во француската Втора лига.
Мориен е тимот чиј дрес ќе го носи искусниот кошаркар. Станува збор за клуб кој се наоѓа на десетата позиција на табелата и се бори за опстанок во лигата.
Симоновски во периодот од 2020 до стартот на 2022 година играше за Кожув, по што се пресели во таборот на иранскиот клуб. Во дресот на репрезентацијата последен пат играше во квалификациите за ЕП под водство на Александар Тодоров.