Репрезентацијата на Мароко и нејзинот селектор Вахид Халилхоџиќ од вчера се и официјално учесници на следниот Мундијал во Катар. Тие во финалниот меч го победија Конго со 4:1, и на тој начин обезбедија пласман на СП.
Еуфоријата која настана потоа е за секоја почит, искусниот стратег доби директен повик од кралот на Мароко, Мухамед шести, кој му честиташе за успехот, а потоа популарниот Ваха и неговите избраници добија уште поубава информација.
Фудбалскиот сојуз на Мароко одлучи да им ја исплати целата премија која што му следува на сојузот за пласман на СП, од 12 милиони евра. Целиот износ е наменет за фудбалерите, стручниот штаб и селекторот, а доколку Мароко мине во елиминационата фаза на Мундијалот следуваат уште два милиони евра премија.