Иран е една од оние репрезентации кои први обезбедија место на Светското првенство во Катар. Фудбалерите на оваа земја одиграа одлични квалификации за Мундијалот, како првопласирани заверија виза за Катар.
Иранците на крајот собраа 25 бода, во последното коло го победија Либан со 2-0, но тој меч може да биде кобен за оваа репрезентација. Дуелот се одигра во Машхад, кој се наоѓа во северниот дел, а бидејќи националниот тим речиси многу ретко игра во овој град, сите посакаа да дојдат да го гледаат натпреварот,
За време на дуелот се случи скандал, на 2.000 припаднички на женскиот пол не им беше дозволено да влезат на трибините иако имаа карти. Тие беа понижени од страна на обезбедување, беа прскани со спреј, на една од видео-снимките моѓже да се види како мало дете плаче во рацете на една од жените.
تجمع زنان پشت درهای ورزشگاه مشهد: pic.twitter.com/DoLjmTnjIn
— Arash Hashemi • آرش هاشمی (@iaaraash) March 29, 2022
Иранците во 2019 година добија ултиматум, да ги пуштаат припадничките на понежниот пол на стадион, во спротивно ќе се соочат со големи санкции. Неофицијално од ФИФА веќе подготвуваат казна, а според тамошните медиуми нема да биде ништо чудно ако бидат исфрлени од Мундијалот.
Доколку тоа се случи се поставува прашањето која земја би можела да оди на СП на нивно место.
Според членот 6 во правилникот, доколку се случи тоа, следна земја која може да влезе е репрезентацијата со најдобар коефициент, а истовремено не изборила пласман во Катар. Италија е прва на листата, федерацијата на оваа земја направи голем притисок во ФИФА, откако нашите момци ја совладаа во Палермо.
Дефинитивно нема да биде заслужени, ако се бара замена тоа треба да биде Македонија.