Официјално медицинско лице, овластено од страна на ФИФА страдало во големите нереди кои се случија по мечот Нигерија – Гана, а во кој домаќинот испадна од квалификациите, поточно не се пласира на Мундијалот во Катар.
Следуваше стампедо по мечот, во кој што хаос разулавената толпа од засега непознати причини го претепала докторот кој потоа им подлегнал на повредите.
Трагедијата секако според медиумите ќе има правна завршница и Нигерија ја очекуваат тешки последици кога стануав збор за следните мечеви и статусот во ФИФА.