Дарко Панчев во изјава за германските медиуми го „чепна“ најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, истакнувајќи дека со струмичанецот, Македонија губела и од Андора. На тоа Пандев реагираше:
„Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европско првенство и бараж за Светско“, изјави Пандев за „ФОКУС“.
„Дечките одиграа максимално. Заслужија да играат на СП. Јас пред три години кажав дека оваа репрезентација е најдобрата во историјата на македонскиот фудбал“, заврши Гранде Пандев.