Пелистер во една четвртина го реши дебитантот

81

Пелистер продолжува да го брани врвот на табелата. Битолчани дојдоа до 18. победа оваа сезона, откако на домашен терен ја оправдаа улогата на фаворит против Ангели, го совладаа со убедливи 76-58 во претпоследниот меч од 20. коло.

Кошаркарите на Пелистер триумфот го обезбедија во првата четвртина во која постигнаа 32 поени, а примија само шест. Дебитантот во прволигашкото друштво ја подобри играта во продолжение, ги доби сите три четвртини, но беше доцна за да направи било што.

Дејвид Хатон со 18 поени беше прв стрелец, Ѓуроски запиша три помалку. На другата страна Наумоски имаше 14 поени.

Претходно„Проектилот“ на Табоада меѓу најубавите голови (ВИДЕО)
СледноМеѓу првите се пласираа на СП, а сега им се заканува елиминација! Кој би можел да ги замени?