Откако се знаат веќе 99% од учесниците на следиот Мундијал во Катар, домаќинот, односно организаторот на првенството одлучи да ја промовира и топката со која што ќе се одигра шампионатот.
„Ал Рихла“ е името на топката која што традиционално барем во последните децении е производ на компанијата „Адидас“, а е опишана како исклучително прецизна, избалансирана и со високо ниво на квалитет.