Напаѓачот на Бенфика Дарвин Нуњез стана цел на многу европски клубови кои сакаат во текот на летото да пробаат да го ангажираат во своите редови. Меѓу нив е и Тотенхем кој решил да го потпише уругвајскиот напаѓач за клупски рекорд од 80 милиони евра, пренесува португалски „О Жого“.
Тоа е сумата според клаузулата во договорот на Дарвин со Бенфика за која потпиша во септември 2020 година за клупски рекорд од 24 милиони евра од Алмерија. Претходно 22-годишниот напаѓач играше за Пењарол.
Инаку за Дарвин се интересираат и Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а шпанските медиуми велат дека тој има поголеми шанси да заигра во Шпанија отколку во Англија.