Фудбалските фанови купиле 804.186 билети за натпреварите на Светското првенство во Катар во првата фаза од продажбата. ФИФА соопшти дека поголем број од билетите биле купени од фанови од Катар, Соединетите Американски Држави, Англија, Мексико, Обединетите Арапски Емирати, Германија, Индија, Бразил, Аргентина и Саудиска Арабија.
Најмногу продадени билети се за премиерниот меч на СП на 21 ноември на кој ќе игра домаќинот Катар, како и финалето на 18 декември. Инаку ждрепката за групите на СП ќе се одржи во петок во Доха.
ФИФА соопшти дека фановите кои не добиле билети во првата фаза од продажбата можат да аплицираат во втората фаза од продажбата.