По Гана и Сенегал, познати се уште три африкански селекции кои се пласираа на СП во Катар. Тоа се Мароко и Тунис кои беа подобри од своите ривали. Репрезентацијата на Мароко беше убедлива против ДР Конго со 4:1 на домашен терен. На првиот меч беше 1:1, па севкупен победник е Мароко и патува на Мундијал.
Селекторот Вахид Халилхоџиќ може да се пофали со интересен рекорд. Тој со четврта различна репрезентација ќе игра на СП и тоа четврти пат по ред. Прво беше со БС Коска на СП 2010, потоа го предводеше Алжир на СП 2014, па Јапонија на СП 2018, сега ќе го предводи Мароко на СП 2022.
И Тунис се пласира на СП иако одигра 0:0 со Мали на домашен терен. На првиот меч победи со 1:0 во гости и токму тој гол им го донесе билетот за СП. Тунис шести пат ќе игра на СП.
А Алжир нема да го гледаме на Мундијалот. Место нив на светскиот собир ќе игра Камерун кој победи на гости во Блида со 2:1 по продолженијата. Алжир триумфираше на првиот меч со 1:0, а вечерва Камерун со голот на Чупо Мотинг го изедначи севкупниот резултат. Се отиде во продолженија, а таму драма во финишот.
Прво Алжир постигна гол во 118 монута и се приближи до СП, за во 120 минута Тото Екамби да погоди за победа на Камерун со 2:1 и нивен пласман во Катар. Инаку претходно ВАР им поништи два гола на Алжирците, и двата на Слимани едниот во регуларниот дел поради офсајд, другиот во првото продолжение поради игра со рака.
The goal by toko ekambi that qualified Cameroon to the WC pic.twitter.com/7kLlzqXHIG
— . (@ManuDaGoat_) March 29, 2022