Поранешната англиска фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам ги откри своите фаворити за Мундијалот во Катар кој ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември оваа година.
„Кога ќе помислиш на Светско првенство, автоматски помислуваш на Бразил, Аргентина и Франција. Тоа се светски шампиони и силни репрезентации. Јас сум воодушевен и од една друга репрезентација, а тоа е Данска. Мислам дека имаат потенцијал да бидат изненадување. Едвај чекам да ги видам во Катар. Имаат млад тим кој долго време игра заедно, добро се познаваат и атмосферата е одлична“, вели Бекам во интервју за „Еuropa Press“.
„Што се однесува до Англија и од нив очекувам многу. Тие стигнаа до СП благодарение на одличната форма и ако ја задржат може да одиграат добар турнир“, додаде Бекам кој во текот на кариерата играше на три Мундијали.