Елверум извади реми против ПСЖ, Фленсбург лесно со Пик Сегед

82

Елиминациите во Лигата на шампионите почнаа, денеска се одиграа два меча. Елверум извади реми против ПСЖ на домашен терен, првата осминафинална пресметка заврши 30-30.

Францускиот тим имаше позитива од пет гола (15-20), но домашниот состав успеа да се врати на голема врата По 17-22, Елверум дури и успеа да поведе со 27-26.

До крајот беше неизвесно, на две секунди пред крајот погоди Јохансон ги постави конечните 30-30. Солстад постигна девет гола кај домаќинот, на другата страна Шипжак запиша 12 гола.

На втората средба Фленсбург на првата осминафинална средба славеше со 25-21 против Пик Сегед. Германскиот тим не виде мака, во првиот дел имаше позитива дури од шест гола 13-7, на одморот беше 14-10. Гостите успеа да дојдат на еден гол разлика во продолжението, но не и да приредат пресврт.

ПретходноБекам: Воодушевен сум од Данска, тие можат да бидат изненадување на СП
СледноСитуацијата со Озил станува се потешка, се огласи неговиот менаџер