Наполи ќе купува грузиски репрезентативец

54

Италијанскиот Наполи има план да го привлече грузискиот репрезентативц Хвича Кварацелија, кој е под договор со Рубин од Казањ, а игра како позајмен во Динамо Батуми. Италијанскиот клуб сака да го донесе крилниот фудбалер во летниот преоден рок меѓутоа проблем прави тоа што во Серија А има забрана за потпишување на играчи од првенството на Русија (доколку не се слободни) за да се запази интегритетот на шампионатот.
Па Наполи не ќе може да го потпише Грузиецот директно од Рубин. 21-годишниот фудбалер не сака да се врати во клубот од Казањ и ќе се обиде да издејствува раскин на договорот и да остане во Динамо од Батуми. Ако успее тогаш Наполи ќе може полесно да издејствува трансфер.
Хвича сезонава има 19 меча, даде 2 гола и запиша четири асистенции.

ПретходноВардар организира фан зона пред дуелот со Веспрем
СледноБонучи го обвини системот: Лудо е да изгубиш еден меч и да не одиш на СП