Португалија слави Мундијал, но ја фали и Македонија

690

Насловните страници на медиумите во Португалија утринава нормално ја слават победата синоќа над нашиот национален тим секако и пласманот на Мундијалот во Катар, но од друга страна пак, ја фалат и борбената и пожртвувана игра на Македонија.

Домаќинот во Порто синоќа имаше императив пред себе, да победи и да обезбеди уште еден пласман на светско првенство, и истиот го поднесе на ниво. Постигна гол кога требаше, го удвои водството кога требаше, и мирно го приведе мечот до крај, пишуваат медиумите во Португалија. Нам ни останува секако да се гордееме што целиот свет ја слави нашата игра и начинот на кој стигнавме до ова ниво во квалификациите за пласман на Мундијалот, и да се надеваме дека ќе останеме и натаму онаму каде што сме во моментов.

 

ПретходноАбрамович до докторите: Дали ќе умрам?
СледноРусија сака да ја напушти УЕФА и да се пресели во Азиската фудбалска конфедерација!