Иако синоќа не постигна гол против Македонија во финалето од плеј – офот за пласман на СП во Катар, сепак Роналдо беше и тоа како среќен по тримфот на неговата репрезентација. Тој и неговите соиграчи од селекцијата сепак ќе играат на Мундијалот, а затоа најзаслужен е Бруно Фернандеш со двата гола против “рисовите“.
Па така Кристијано Роналдо на својот Инстаграм напиша…
„Целта е остварена, ние сме на СП во Катар. Тамо сме каде што треба да бидеме! Им благодарам на сите Португалци на неуморната поддршка! Одиме Португалијо“…
Интересно ова објава на Роналдо „собра“ близу 5 милиони лајкови…
Сепак поинтересно е да се каже дека тој е на чекор до нов, неверојатен рекорд. А тоа е на десетиот настап на едно големо натпреварување да постигне гол. Тој тоа претходно го стори на минатите девет настапи на ЕП и СП и тоа почнувајќи од 2004 до 2020. Значи за Роналдо Мундијалот во Катар ќе биде петти, исто толку настапи има и на Европските првенства.