Целосната сага за заминувањето на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд е завршена. Така барем тврди новинарот на шпанскиот „Ел Чирингуито“, Рафа Алманас.
Според него, Халанд веќе донел одлука за тоа каде ќе игра следната сезона.
„Лицето што беше во Марбела со Алфи Халанд ми кажа дека Ерлинг ќе оди во Манчестер Сити. Заедно играат голф, разговараат за фудбал, а тој му кажал дека го избрал Сити пред Реал (М)“, тврди новинарот.
Претходно пристигнаа многу информации и од Англија и од Шпанија, но додека не биде ставен потпис на договорот, веројатно ништо не треба да се земе како конечен договор.